Од Министерството за финансии информираат дека исплатени се февруарските пензии, кои од овој месец се за 600 денари повисоки. На сметките на 284.878 пензионери исплатени се 3.551.452.143 денари (57,7 милиони евра) за февруарска пензија.

Со зголемувањето на пензиите во март годинава за 600 денари, просечната пензија ќе изнесува 12.445, што е зголемување за 62 проценти во однос на 2006 година кога просечната пензија изнесувала 7.683 денари.

OhridNews