Од понеделник започнува одржувањето на собири на граѓани на кои ќе се врши избор на членови на Совети на Урбани Заедници. Првиот сoбир на граѓани, во понеделник, 2- ри декември ќе се одржи со почеток во 19 часот, во општинската зграда и се однесува на Урбана Заедница -2 „Центар”.

Урбаната заедница -2 “Центар” ги опфаќа улиците: булевар „Туристичка” – лева страна( непарни броеви) од почетокот до пресекот со илица „Македонски Просветители” (зграда „ Печијаре” бр.79 ), улица „Македонски Просветители” од езеро десна страна –парни броеви до бр.16 пресек со булевар „Туристичка” (кај зграда “Печијаре”), ул. „Ванчо Николески”, ул.„ Димитар Влахов”, ул. „Кеј Маршал Тито”, ул.„Партизанска”, ул.„ Серафим Китаноски”, ул. „Страшо Пинџур”, ул.„Војдан Чернодрински:, ул.„ Јане Сандански” –  од почеток лева страна бр.1-бр.47 и десна страна од бр.2-бр.32 (семафори „Мини Маркет”)  пресек со ул. булевар „Туристичка” ,ул. „Славеј Планина” ,ул. „Спас Банџов”,ул. „АСНОМ” – од езеро до пресек со булевар „Туристичка” зграда А-13, „ Даме Груев” – од почеток до бр.87 и бр.112- (пресек со булевар „Туристичка”), ул. „Мите Богоески”, ул. „Кузман Јосифоски”.

OhridNews