Од понеделник почнува електронското издавање одобрение за градба. Како што информираат о дминистерството за транспорт и врски, целата постапка ќе биде едноставна и ќе се одвива по електронски пат од поднесувањето на одобрението до земањето на документот. Одобрението ќе се издава само во електронска форма, а доколку општината го издаде во хартиена, тоа ќе биде ништовно.

Министерот Миле Јанакиески изјави дека надлежните институции веќе се подготвени за старт на овој проект.

– Во Минситерството сме цврсто убедени дека со електронскиот систем, кој е прв во регионот, ќе се овозможи целосно поедноставување на процедурата, бидејќи самото движење на документите ќе оди исклучиво по електронски пат. Значи многу едноставна процедура и многу потранспарентна, бидејќи секој апликант, ќе  може да види во кој момент кај кого е неговиот предмет, изјави Јанакиески.

Јанакиески со апел до општините да влезат подготвени во процесот на издавање одобренија за градба по електронски потпис. Посочува дека тоа не е е значаен трошок за општините и дека чини 30 евра.

Општините исто така електронски ќе комуницираат со своите служби во рамките на општината, како и со институциите и јавните претпријатија од кои треба да добијат соодветните согласности. Откако сите документи ќе бидат подготвени, по електронски пат општината ќе биде информирана дека се платени комуналиите и одобрението по електронски пат ќе биде дадено.

OhridNews