Саем на книгата во охридската Библиотека. Станува збор за книги во издание на Матица македонска.

Охридската Библиотека го обезбедува просторот, книгите се од издавачот Матица, додека продажбата е на книжарницата Просвета од Охрид, велат од Библиотекта.

Саемот е отворен почнувајќи од овој понеделник 11 април до петок, а работното време е од 11 до 17 часот.

Воедно, Библиотеката продолжува со одбележување на родендените на роднокрајните автори. Во април родени се писателите и публицисти: Томе Момировски, Миле Волканоски, Куртиш Демироски- Незир, Боро Ситникоски, Веле Митаноски, Дамјана Видическа , Мишо Јузмески и Ѓоко Чингоски.

Изложбата со книги од нивното творештво е поставена на влезот во одделот за зајмување во библиотеката и може да ја погледне секој корисник на услугите на библиотеката, информираат.

Потсетуваат дека библиотеката за читатели е отворена од понеделник до петок од 8.30 до 18.30, а годишната членарина за деца е 200 а за возрасни 300 денари.

OhridNews