Од први мај, купувачите на мелено месо, на декларацијата на производот ќе можат да видат колку вода и какви протеини има во него, дали е подготвено од свежо или смрзнато месо и кои адитиви ги содржат ќебапите и плескавиците кои се нудат на пазарот. На декларацијата треба да биде наведена и категоријата на месо. Ова е предвидено со новиот Павилник со кој се допрецизира што треба да знаат граѓаните при купувањето на мелено месо и преработки од вакво месо.

За оние производители и дистрибутери кои ќе бидат фатени дека навеле лажни податоци на декларацијата, предвидени се парични казни од 500 до 1.500 евра.

Своите забелешки за купените производи од мелено месо и преработки од мелено месо, граѓаните може да ги доставуваат до Агенцијата за храна и ветеринарство. Граѓаните имаат право да побараат декларација од какво месо се направени одредени производи од месо и во рестораните.

OhridNews