Потег за поздрав на италијанскиот рекретивен велосипедист Адријано Тегас од Масафра, општина во провинцијата Таранто во регионот Апулија (Пуља) во југоисточна Италија, кој денес пристигна во Охрид како попатна станица со една идеја културно поврзување на народите долж древната Виа Игнација.

Ова е културен проект, кој ни овозможува да се вклучиме во древната Виа Игнација, проект кој не е само за патот, туку и за културниот однос меѓу луѓето и културите. Од Бриндзи, град во јужна Италија, пристигнав во Пеќин, во Албанија, потоа во Македонија во Радожда, денес и во Охрид, за да продолжам низ Грција и да стигнам до Истанбул на 11 јуни. Културата, мостовите на поврзување меѓу народите и мирот кои постоеле од минатото може да продолжат и сега. Рутата поминува низ целата Виа Апија, еден од најстарите и најважни патишта на Римската Империја, кој започнува во Рим и се протега кон југоисточна Италија, и продолжува до Истанбул. Денес, во Италија, на 1 јуни, започнува Неделата на Апија настанот во кој всушност се промовираат културните вредности. Практично веќе создадовме синергија меѓу институциите и здруженијата и во текот на оваа недела секоја земја создава нешто културно или спортско. Затоа се надевам дека со ова патување ќе испратиме сигнал и до вас овде, и во Албанија и Турција, да ја продолжиме оваа нишка што нè обединува, вели Тегас.
Целиот проект и патување го исполнува со ентузијазам кон културата и со радост за запознавање на различните култури.
Ова патување има голема културна вредност, но за мене лично претставува и едно вистинско откривање на преминот меѓу Западот и Истокот. Сакам да ги откријам различните традиции кои, иако на прв поглед изгледаат поинакви, со текот на времето сфаќам дека и не се толку различни. На крајот, постои една заедничка хуманост (човечност) што нè обединува сите. Предизвикот е да се споиш со нешто што, од една страна е многу блиску, а од друга страна на почетокот изгледа далеку, но на крајот сфаќаш дека сите нè спојува човечноста, вели Адријано.
Илија Илиев од Рим, со потекло од стара охридска фамилија по мајчина линија, последните годиини живее во Охрид и работи како туристички водич. Вели, Адријано му го претставил проектот од Рим, што за него како човек роден во Рим, а поврзан со Охрид претставувало огромен предизвик, бидејќи Охрид го гледа како историско место каде што се спојуваат културите. Преку историската и духовната инспирација Илиев ја објаснува суштината на овој проект, поврзувајќи ја со делото на светите Кирил и Методиј и визијата на Папата Јован Павле II.
Навистина е фасцинантно да се слушне за овој проект што ги поврзува Рим, Охрид и Истанбул, следејќи ги стапките на историскиот пат Виа Егнација. Охрид, како клучна точка на таа античка траса, има непроценливо културно и историско значење. Вклучувањето на локалните институции, како што се Библиотеката „Григор Прличев“ и НУ Завод и Музеј е одличен начин да се прикаже богатиот печат што историјата го оставила на овие простори. Преку вакви проекти кои ги поврзуваат различните народи и култури на Балканот и пошироко, се потврдува идејата дека културата и човечноста се најсилните мостови за зближување меѓу народите. Ова е прекрасен чекор кон градење на заедничка свест за нашето културно наследство, вели Илиев.
На своето патување Адријано носи пергамент во кој печат ставаат општини, културни институции, здруженија и поединци на патеката низ која поминува, а кои веруваат во проектот на културно обединување. Денес во Охрид печат ставија НУ Завод и Музеј Охрид и НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид претатвувани од директорите на установите.
Од Охрид Адријано продолжува во Грција и на крај во Истанбул каде ќе се стави последниот печат пред да се врати во Рим, по што пергаментот ќе биде изложен во Националниот парк во Апија Антика.
Н.С.Ј.
фото/видео. А. Момироска






















