Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Претпладне се уште ќе дува слаб до умерен северен ветер кој ќе ги намали условите за појава на магла по котлините.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од девет до 15 степени.

Според прогнозите, до вторник ќе се задржи стабилно и суво време, по котлините со појава на магла и ниска облачност особено претпладнето. Извесна промена на времето се очекува од среда кога ќе биде постудено и ќе има услови за локални врнежи од дожд и снег.

OhridNews