Од утре, 28 мај, ќе почне да функционира ограничениот режим за движење на возила во стариот дел од градот. Режимот и начинот како ограничениот режим на движење на моторните возила, велат од ЈП „Билјанини Извори“ е регулиран и утврден со Правилник за издавање на картички за движење во стариот дел од градот, донесен на 11. 05. 2023 година од страна на Управниот одбор на претпријатието.

Во таа насока ги известуваме сите граѓани кои имаат потреба од дополителни информации или се соочуваат со проблеми во однос на режимот за движење да се обратат во дирекцијата на ЈП „Билјанини Извори”, Спортска сала “Билјанини Извори”. Ги замолуваме сите граѓани да го почитуваат и да се придржуваат кон времениот ограничен режим на движење во стариот дел од градот, велат од претпријатието.

OhridNews