Врвни обучувачи од Германија, Турција, Португалија, Холандија, Нов Зеланд, САД, Хрватска, Данска, Литванија, Италија и Македонија ќе бидат дел од првата „Лидерска академија за жени“, која од утре, 16-ти до 25- ти јули  ќе се одржува во хотелот Ривиера во Охрид. Академијата  е во организација на клубот „Сороптимист“ од Струга со поддршка на Унијата на Сороптимист од Република Турција.

Академијата ќе опфати 32 работилници. Преку активно учење, тимска работа, презентација на животни искуства на успешни жени лидери, создавање кариерен план, преку дружење и забава учесничките ќе имаат уникатно искуство, стекнувајќи нови знаења и вештини.

OhridNews