Под влијание на студена влажна воздушна маса која продира од север, од утре попладне, ќе настапи позначителна промена на времето со врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни со грмежи и со засилен северен ветер.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), пообилни врнежи ќе има во понеделник и вторник кога локално се очекува да наврнат повеќе од 30 литри на метар квадратен. Температурата ќе опадне за околу 10 степени.
Се очекува постепено стабилизирање на времето да настапи од четврток.
УХМР препорачува поголема внимателност во случај на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Извор: УХМР
OhridNews