Во рамки на своите активности за помош и поддршка на ранливите-маргинализирани групи на население на територијата на Охрид,  општинскиот Црвен крст од утре, на граѓаните и гостите во градот ќе и овозможи достапност до единственото македонско улично списание „ЛИЦЕ В ЛИЦЕ“.

Соодветно обучени продавачи кои потекнуваат од социјално загрозените и ранливи категории на граѓани, со помош и поддршка на волонтерите на Црвен крст Охрид, ќе бидат достапни на јавни и фреквентни места во Охрид (охридската чаршија, кејот, плажите и сл.) за сите охриѓани и гости кои сакаат да прочитаат интересни содржини од повеќе области на живеењето и воедно со купување на списанието ги помогнат ранливите категории на граѓани.

OhridNews