На прес конференција што се одржа во ВМРО ДПМНЕ, попладнево, од партијата изјавија дека не знаат каде е и дали Никола Груевски е во Будимпешта.

Портпаролот на партијата, Димче Арсовски рече дека нема информации дали е во Унгарија, а додаде дека немаат ниту информации дека Груевски добивал закани.

Од ВМРО ДПМНЕ повторно изјавија дека тоа што се случувало околу седиштето на партијата било хајка, при што членови на ВМРО-ДПМНЕ биле малтретитани.