Со богата програма, традиционални носии, рецитал и мултикултурна трпеза, во Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ по вторпат се одбележа Денот на мултикултурата.

Настанот ги обедини учениците, професорите, родителите и претставниците на локалната самоуправа околу заедничката идеја – дека различностите се богатство кое треба да се негува и почитува.

Во училиштето продефилираа ученици облечени во традиционални носии на Македонците, Турците, Албанците и Египќаните.

Секоја носија претставува дел од културното наследство на заедницата, а сите заедно создадоа впечатлива слика за богатата мултикултурна традиција на Охрид. Посебно внимание привлече мултикултурната софра подготвена од учениците и професорите. На неа беа изложени традиционални јадења и специјалитети од различни етнички заедници, како и пијалаци карактеристични за нивната традиција – салеп, чај, турско кафе, вино, коњак, ракија и сок од рози. Вкусовите и мирисите се надополнуваа меѓусебно, покажувајќи дека различностите можат да создадат една богата и единствена целина, велат од училиштето.

OhridNews