Со засадување цвеќе во кругот на СВР Охрид и со испуштање црни балони на плоштадот „Св.Климент Охридски“ во Охрид, РСБСП и СВР Охрид-отсек за превенција, денеска во Охрид, симболично го одбележаа 17 ноември, Светскиот ден на сеќавање на жртвите во сообраќајот.
Според претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска, во текот на 2022 година, на патиштата во земјава, животот го загубиле 124 лица.
На подрачјето на СВР Охрид во текот на првите девет месеци од оваа година, во случени седум сообраќајни незгоди, животот го загубиле седум лица, возачи на моторни возила и нивни сопатници од кои, две на автопатот во изградба Кичево-Гостивар, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кожуваровска и Димоски, упатија апел до возачите и до сите други учесници во сообраќајот, на крајна внимателност при управувањето со моторните возила и почитување на поставената хоризонтална и верикална сигнализација со цел, значително подигнување на сообраќајната безбедност и смалување на бројот на сообраќајните незгоди.
OhridNews