Во седиштето на општинската организација на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца се одбележа 70-годишнината од оддржувањето на второто заседание на АВНОЈ. Пред присутните говореше професор Наце Иваноски кој истакна дека датумот 29- ти ноември има големо историско значење од повеќе аспекти.

Со донесените одлуки на второто заседание на АВНОЈ конечно заврши кралството СХС и се формира нова држава врз федеративен принцип. Со овие одлуки Македонија и Македонците добија рамноправен статус со сите останати југословенски народи, право да имаат сопствена држава и право на истакнување на самобитноста на македонската нација, при што беше признат и македонскиот јазик и писмо, рече Иваноски.

Од општинската организација на Сојузот на борци велат дека не се задоволни од досегашниот третман на случувањата од НОБ од страна на властите во изминатите 22 години, но се надеваат дека работите се менуваат кон подобро.

После 70 години и 22 годни самостојна Македонија, годинава за прв пат овој ден е дел од државната програма.Денес сите треба да се постсетат на 29- ти ноември .Многу луѓе изминатите години сакаа да заборават на настаните од 29-ти ноември. Датумот може да се заборави,  но сведоштвата остануваат, рече потпретседателот на ОО на Сојуз на борци од Охрид и Дебрца, Никола Стефаноски .

Просторијата во која денес се одбележуваше 70- годишнината од заседанието на АВНОЈ, во седиштето на Сојузот на борци беше претесна за да ги собере сите кои сакаа да присуствуваат на денешната свеченост, па голем број од гостите беа принудени да седат низ ходниците на објектот.Како што велат од Сојузот на борци, иако навреме ја известиле локалната самоуправа со цел настанот да се одржи во општинската сала, во последен момент добиле известување дека салата денес е зафатена.

Од локалната со објаснување дека настанот не се одржал во општинската зграда од оправдани причини, пред се затоа што навреме не добиле и писмена потврда за одржување на свеченоста од Сојузот на борци.  

Т.К.