Охриѓани минаа уште една непреспиена ноќ во која се регистрирани серија земјотреси. Најсилниот беше 4 минути по полноќ со магнитуда од 4.1 степен по Рихтер.

Дополнително градот беше изложен за гласна музика која ечеше до доцна во ноќта, која преку езерото се пренесуваше во сите делови од Охрид. Тоа предизвика лавина реакции на социјалните мрежи кои се преплавени со коментари.

Проблемот со гласната музика до доцните вечерни часови во Охрид се провлекува и толерира со години, а за негово решавање речиси и да не се презема ништо. Да биде иронијата поголема, на оваа тема вчера разговараа претставници на угостителите, полицијата, инспекторатите и другите надлежни служби.

OhridNews