И оваа година основците од охридскиот регион постигнаа одлични резултати на државниот натпревар по географија кој се одржа во Скопје на ПМФ на 20.04.2018 година.
Одлични резултати на охридските ученици на Државниот натпревар по географија
Особено забележителен е успехот на Географскиот тим на ОУ „Св. Климент Охридски“ во состав: Ивана Маслова, Петар Алчески, Мила Тотеска и Јована Бакалова, под водство на менторот Нине Симоноска, кој освои две први и две трети награди на Државниот натпревар.
Тимот на ОУ „Св. Климент Охридски“
На државниот натпревар учествуваа и ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ –Христијан Цветаноски и Пандрора Лазароска под менторство на професорката Татјана Пуцоска и постигнаа солидни резултати.
OhridNews














