Натпреварот од 1. коло на новоформираната ракометна Регионална
СЕХА-лига, помеѓу македонскиот првак Металург и претставникот од БиХ,
сараевска Босна е одложен. Според македонскиот првак не решителниот став околу настапот на Босанците во лигата биле доволен за да се одложи мечот.


– Натпреварот во Скопје се одложува, од едноставна причина, што
како домаќини не можеме за еден ден и организациски и технички сето тоа
да го постигнеме околу овој меч, а згора на сé, не знаеме дали Босна
воопшто сака да го игра овој натпревар. Се надевам дека сé ќе биде
познато во вторник, кога ќе се одржи договорениот состанок со челниците
на клубовите од лигата – вели потпретседателот на Металург, Филип
Христов.

Ракометарите на Борац од Бања Лука,  се подготвени за денешниот
премиерен дуел во Регионалната лига против скопски Вардар. 
Покрај овој дуел, денеска ќе играат уште Татран Прешов и Ловќен.
Средбата помеѓу Извиѓач и Сутјеска е одложена за вторник поради настапот
на Сутјеска во ЕХФ-купот.

Ohridnews