Протестот на работниците со над 25 години работен стаж со нерегулиран статус закажан за денеска се одлага поради посетата на висока делегација на НАТО на Македонија.

Најавениот протест  пред владата во Скопје наместо денеска   ќе се одржи на 30 јануари во 10 ч, соопштија од охридското здружение на работници со над 25 години работен стаж со нерешен статус.

Инаку стечајците не се задоволни од како што велат игнорантскиот однос на владата кон нив на која и беше оставен рок до 15 јануари да одговори на нивните барања.Тие бараат решавање на нивниот статус до пензионирање или идно вработување, како и минимален месечен надоместок со кој би можеле да ги плаќаат давачките кон државата.“Државата има време со недели да расправа за празници, а нема време да го речи проблемот на стечајците, вели престедателот на Здружението на работници со над 25 години работен стаж со нерешен статус, стечајни работници, загубари и технолошки вишок од Охрид, Иван Николоски.


Иван Николоски

Стечајците за помош се обратија и до локалната самоуправа од која бараат да ги ослободи од плаќање на одредени јавни давачки. Градоначалникот Петрески изјави дека општината неможе да ослободи никого од плаќање јавни давачки бидејќи нема законска можност за тоа. “Се сеќавате дека Советот еднаш донесе одлука за ослободување на социјално загрозените семејства од плаќање надоместок за потрошена вода до 15 кубици, но Уставниот суд ја поништи таквата одлука како незаконска,“ рече Петрески.