Одборот на Европскиот парламент со 23 гласа за и 11 против изгласа резолуција со која е одлучено да се укине летното и зимско сметање на времето. Но, наместо од оваа година, како што се најавуваше, одлуката ќе стапи на сила во 2021 година.

Државите кои  ќе сакаат да останат на летно сметање на времето, последен пат стрелките од часовникот ќе ги поместат нанапред во март 2021, а земјите кои ќе сакаат да останат на зимско сметање, тоа ќе треба да го направат во октомври истата година.

Европските парламентарци ги повикаа државите од ЕУ меѓусебно да се координираат пред да донесат одлука по кое време ќе се раководат од 2021 година.

OhridNews