Најмалку три лица беа повредени денеска кога дојде до одрон на карпа на популарната плажа на островот Закинтос, објавија грчките власти.

Припадниците на крајбрежната служба исто така бараат исчезнати лица, објавија грчките медиуми.

Официјалните претставници на крајбрежната стража рекоа дека една туристка била повредена и е пренесена во локалната болница.

Локалните медиуми ги пренесоа изјавите на сведоците кои велат дека голема карпа паднала во морето и создала голем бран, кој, според сведоците, потонал најмалку три помали брода.