Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, денеска во просториите на општина Охрид одржа презентација за европските образовни програми и мобилност и ги запозна присутните со новите програми на оваа агенција во делот на образованието.

– Општина Охрид придава големо значење на воведувањето на нови форми и програми кои се во насока на подобрување на перформансите на образовниот систем и посебно во оној дел кој претставува континуирана едукација во управните органи. Современиот начин на поставеност на едно општеството, подразбира воведување на програми и техники кои можат да одговорат на техничко-технолошкиот развој и да се го следат брзото темпо на економско- социјални промени. – изјави секретарот Димитар Спасески.

Спасески додаде дека општина Охрид во целост се фокусира на прифаќање и воведување на стандарди за пристап во современите едукативни форми и во рамките на своите законски овластувања и можности ќе ја поддржи секоја иницијатива за подобрување на овој дел од општественото живеење.

OhridNews

OhridNews