Локалниот економски совет на продолжението на четвртата седница, расправаше за досегашните активности за привлекување инвестиции во Охрид, како и за неколку најавени проекти.

Како што информираше охридскиот градоначалник, Никола Бакрачески, општината интензивно контактира со домашни и странски инвеститори, односно работи на промоција на можностите за развој во повеќе сектори.

„Посебен акцент беше ставен на можностите за рестартирање или пренаменување на стопански објекти кои не функционираат. Сетоа тоа е дел од брошурата „Инвестирајте во Охрид“, која наскоро ќе биде дополнета и ќе се објави како ново издание.“ – информираат од општина Охрид.

Во рамките на седницата, градските татковци разменија мислења за најавените проекти, меѓу кои изградбата на градска марина и проектот за ски-центарот на планината Галичица.

OhridNews