Одржана манифестацијата „Чалгиски звуци“ посветена на Климе Садило
15.06.26 11:04
Со звуците на македонската чалгија, емоциите на староградската песна и спомените за еден од најголемите охридски музички амбасадори, во предворјето на црквата „Света Софија“ се одржа манифестацијата „Чалгиски звуци“, посветена на легендарниот охридски виолинист и трубадур Климе Садило.
Годинава манифестацијата се одржа во знакот на два значајни јубилеи – 145 години од раѓањето на Климе Садило и 120 години од постоењето на такамот на Садиловци, симбол на охридската музичка традиција и автентичниот градски мелос. На присутните најпрво им се обрати претседателот на Советот на Општина Охрид, кој истакна дека кога ќе се спомене Охрид, покрај бисерот, езерото и вековните цркви, неизбежно се слуша и звукот на виолината што одекнувала низ калдрмисаните сокачиња, низ охридската чаршија и покрај езерскиот брег. Беше нагласено дека Климе Садило не бил само извонреден виолинист, туку чувар на охридскиот дух, човек кој преку музиката ги раскажувал приказните на градот и неговите жители. Оддавајќи му почит на Климе Садило и на Садиловци, беше истакнато дека се оддава почит и на едно време кога песната ги собирала луѓето околу софрата, кога серенадите се пееле под прозорците и кога секој празник имал свој препознатлив музички печат.
Во име на организаторот, Здружението за уметност и култура „Арт Вивенди“, се обрати академскиот музичар Ѓоко Алоски, кој потенцираше дека „Чалгиски звуци“ претставува повеќе од концертна вечер – тоа е мисија за зачувување на охридската староградска песна и македонската чалгија како непроценливо културно наследство. Тој истакна дека делото на Климе Садило и богатото наследство на Садиловци остануваат трајна инспирација за сите генерации музичари и љубители на традиционалната музика.
Посебен белег на вечерта даде настапот на Универзитетскиот ансамбл „Македонија“ при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, под раководство на проф. д-р Владимир Јаневски. Ансамблот пред бројната публика изведе 40-минутна програма составена од бисери на македонската чалгиска музика, потврдувајќи ја својата улога како еден од најзначајните чувари и промотори на македонското музичко наследство. Со особен пиетет беше изведен и специјално подготвениот музички сплет посветен на Садило.
Од ноќеска на полноќ бензините и дизелот поскапуваат од половина денар до два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика Според одлуката бензините поскапуваат од 1,5 денари до 2 денари за ...
Инцидентот како што дознава Охридњуз се случил денеска на автопатот во изградба Охрид-Кичево Работникот од Кина кој бил работно ангажиран во изградбата на автопатската делница од засега неразјаснет...
Единаесеттата седница на Советот на општина Охрид ќе се одржи утре во општинската зграда со почеток во 9 часот На дневен ред 28 точки меѓу нив предлог одлуки за разрешување и именување членови на У...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.