Секторот за образование во соработка со Одделението за економски развој при општина Охрид организира четири работилници за едукација за изработка и менаџирање на проекти кои ќе се реализираат во наредниот период . На работилниците присутните имаат можност да се запознаат со пристапот до европските фондови и искористувањето на средствата .

Првата работилница на која присуствуваа директорите и тимовите од основните и средни училишта и од охридската градинка кои ќе работат на реализација на проектите, се одржа денес.

– Имајќи го во предвид сознанието дека сите европски фондови користат средства обезбедени од оданочување со цел да реализираат цели кои се сметаат пожелни и во интерес на европските даночни обврзници произлегува и строгиот аналитички пристап во делот на изработка на буџетот во еден проектен циклус – истакна Горан Мицкоски, претставник на одделението за локален економски развој.

На останатите работилници е предвидено да учествуваат вработени во општинската администрација, јавните претпријатија, а во соработка со Агенцијата за вработување од Охрид ќе се реализира и работилница со невработени лица.

Целта на ваквите работилници е инволвираните чинители да се оспособат за изработка на проекти и аплицирање до различните фондови за обезбедување финансиски средства.

OhridNews