Кривичниот суд испрати барање за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски до собранието. Според процедурите, претседателот на парламентот по добивањето на барањето веднаш го доставува до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Комисијата е должна да го разгледа барањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на парламентот.

Поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, вчера заедно со поранешните министри и партиски функционери Миле Јанакиески и Спиро Ристовски  беа приведени под сомнение за организавија на насилните настани од 27 април 2017 година. Вељаноски се повика на пратеничкиот имунитет, по што замина од судот, додека на Јанакиески и Ристовски им беше одреден 30-дневен притвор.

Како што беше кажано мерката притвор им е определена заради опасност од бегство и влијание врз истрагата.