Со 66 гласа „За“, Собранието денеска им го симна имунитетот на шесте пратеници осомничени за инцидентите во парламенот на 27-ми април, јавува „Макфакс“.

Предлогот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања беше усвоен на пленарна седница на Собранието. Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски, Жаклина Пешевска и Љуен Арнаудов се шесте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за кои судот побара Собранието да им го одземе имунитетот. Тие се товарат за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, за инцидентите во Собранието што се случија на 27-ми април.

OhridNews