Најавеното сценарио дека реванш натпреварот од 1/16 финалето во Лигата на Европа помеѓу Интер – Лудогорец ќе се одигра без публика се оствари, откако УЕФА пресече и донесе одлука, да се затвори „Цузепе Меаца“ стадионот.

Оваа мерка, УЕФА во соработка со италијанските власти ја донесоа се со цел за заштитување од смртоносниот коронавирус кој зема се поголем земав на стариот континент. Неколку лица починаа како последица од коронавирусот, илјадници се заразени а сите школи во северниот дел од Италија, спортски и култирни збиднувања се одложени.

„Нероазурите“ во првиот натпревар одигран во Бугарија победија 2-0, а на реваншот имаат задача да ја задржат предноста и да го чекираат билетот во ТОП 16.

Челниците на Серија А, исто така ги затворија вратите за навивачите и големото дерби Јувентус – Интер ќе се одигра без присуство на публика. Се уште не се знае дали само овој меч ќе се одигра без публика или и другите натпревари од редовното коло во Серија А.

OhridNews