Не пет, туку девет лица починаа во хеликоптерската несреќа во која животот го загуби и прославениот НБА кошаркар Коби Брајант и неговата ќерка Џана (13 години). Информацијата ја официјализираше американската полиција на пресконференција.

Американската полиција, не ги откри причини и најави детална истрага за срушувањето на хеликоптерот кој ја потресе светската јавност. Загинатите патници се уште не се идентификувани и затоа полицијата побара трпение околу објавувањето на информации околу лицата.

Приватниот хеликоптер на 41-годишниот Коби Брајант се срушил во близана на Лос Анџелес. Очеведците од местото на несреќата за американските медиуми изјавија дека доаѓал чуден звук од хеликоптерот кој за многу кратко време паднал на земја.

Сите кошаркари и познати ѕвезди од културата, спортот и музиката информацијата за трагична смрт на Коби Брајант ја прифатија со шок и неверување. Се збогуваат со емотивни пораки од популарна „Мамба“, кој одбележа една ера во НБА лигата.

OhridNews