Градоначалникот на Охрид и проектниот тим од Секторот за Локален економски развој, на состанокот одржан вчера во малата сала на Општината, го формираа тимот од експерти што ќе работи на амбициозниот проект „Духот на Охрид“ (Spirit of Ohrid). Целта на овој проект е унапредување на алтернативни форми на туризам, размена на искуства , зачувување на културното наследство. Проектот ќе се работи во партнерска соработка со префектура Пефка, Солун (Грција) и освен развивање на туристичкиот потенцијал и размена на искуства од туризмот, според раководителот на ЛЕР Гоце Симоновски „ќе има и нескриена намера и желба за релаксирање на односите помеѓу двете земји и двете општини учеснички во проектот“.
„Духот на Охрид“ – амбиција за унапредување на туризмот
Проектот е предвидено да трае една година (со намера од него да произлезат и други проекти). Учество и свој придонес ќе дадат стручњаци од разни области како туризам, авиосообраќај, културно наследство, информатика, медии, новинарство итн.
Учениците и вработените во ОУ „Братство Единство“ во Лескајца беа информирани дека водата во училиштето не е исправна за употреба и дека децата треба сами да си носат вода за пиење, вели во допис д...
Општина Охрид има Индекс на отвореност на локалната самоуправа од 49% според последните мерења за 2026 година Истражувањето кое беше спроведено во периодот од 1 февруари до 30 јуни од страна на Фон...
Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, заедно со помошниците директори, учествуваше на меѓународната академска конференција на тема „Даночна политика, нееднаквост и неформална ек...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.