Во временскиот период од 30.08 до 05.09.2009 година с.Ташмаруништа-Струга, во црквата „Свети Архангел Михаил“, од страна на непознат сторител била извршена тешка кражба при што биле одземени девет  икони и две  царски порти кои биле позлатени.

Тешката кражба е извршена на тој начин што сторителот со подесен предмет го искршил катанецот од влезната врата, ја искршил металната шипка која ја потпирала вратата, влегол внатре ги одзел горенаведените предмети и го напуштил лице местото. Увид на лице место извршила увидна екипа од ПС-Струга. Материјалната штета дополнително ќе биде утврдена, додека одземените икони се со голема културно-историска вредност и потекнуваат од 19 век.

Струшката полиција презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Ohridnews