Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „разбојништво“ и „попречување на правдата“, ОВР Струга поднесе кивична пријава против 34 годишно лице од струшкото село Радолишта.

Тој, на 16 августм, на вработен во бензиска пумпа во близина на струшкото село Теферич, му упатил сериозни закани по неговиот живот, му барал пари и од продажно место одзел поголема количина цигари и избегал. Пријавениот, потоа се обидел да влијае врз 22 годишен жител на Радолишта, сведок на настанот, да не ја кажува вистината и да даде лажен исказ за стореното разбојништво а потоа физички го нападнал, информира СВР Охрид.

Охридската полиција поднесе кривична пријава против и против 35 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материјали“.

На 27 јуни, во автокампот „Градиште“, при преглед извршен во патничко возило „Пежо“, полициските службеници кај него пронашле и одзеле пиштол, кој нелегално го поседувал.

OhridNews