Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против две лица од струшкото село Лабуништа.  

– Пријавените, казненото дело го извршиле на 13 јануари оваа година во златара лоцирана на улицата „Маршал Тито“ во Струга. По претходен меѓусебен договор, пријавените пред полноќ пристигнале пред златарата каде со помош на цврст предмет, насилно ја отвориле влезната врата влегле во внатрешноста на златарата извршиле пребарување и од излог противправно одзеле три сребрени белегзии по што го напуштиле местото на настанот. Пријавените го признале делото а на полициските службеници им кажале дека парите од продажба на сребрениот накит ги искористиле за купување наркотична дрога, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Двете лица и се познати на службата како сторители на слични казнени дела и против нив биле поднесувани соодветни пријави. Во моментов, лицата се на издржување мерка притвор во Битола поради сторени казнени дела на подрачјето на СВР Битола.

OhridNews