Политичката партија за целосна еманципација на Ромите од република Македонија формира свој огранок во Охрид. За претседател на огранокот, со едногласна одлука на присутните членови на иницијативниот одбор, е избран дипломираниот правник Елвис Фазлиоски.

Целта на формирањето на овој огранок е подобрување на статусот на Еѓипќаните во Охрид кои во најголем број се застапени во огранокот како и на сите други граѓани кои ке се приклучат на оваа политичка партија.

Од ПЦЕР потенцираат дека се единствена политичка партија во Република Македонија која ги признава Еѓипќаните како посебен ентитет.

– Воедно во декларацијата на ПЦЕР јасно стои дека ние како политичка партија ќе се залагаме оваа етничка група биде спомената во Мекедонскиот Устав како конститутивен народ и да добие правична застапеност во институциите на системот, велат од ПОлитичката партија за целосна еманципација на Ромите.

OhridNews