На 22.09.2023 во 21.40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци-Прилеп, кај место викано „Дреновска спирка“, се случила сообраќајна несреќа.

Во несреќата учествувале патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44 годишно лице од с.Долно Лакочереј, охридско и патничко возило „фиат уно“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 53 годишно лице од с.Дреново, кавадаречко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на „фиат уно“, додека со телесни повреди се здобиле возачот на „бмв“ и 46 годишниот сопатникот во неговото возило од с.Велгошти, охридско, како и 44 годишната сопатничката во возилото „фиат“ од с.Ваташа, кавадаречко, констатирани во болницата во Кавадарци, информираат од МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кавадарци.

OhridNews