Охриѓанец (53) пред два дена во СВР Охрид пријавил дека е оштетен и измамен од надлежните во автомат клуб-обложувалница во Охрид.
Тој, според пријавеното, добил бонус добивка што требало веднаш да му биде исплатена но, од вработената му било кажано дека, по барање на претпоставените, исплатата била забранета, информира полицијата. Неофицијално се работи за сума од над 7 милиони евра.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира СВР Охрид.
OhridNews












