Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30 годишен жител на Охрид.
Тој, на 27.07.2020 година одзел „Diners“ картичка сопственост на жител на Скопје, и на повеќе терминали во Охрид, неовластено извршил 19 трансакции. На тој начин, пријавениот се стекнал со против правна имотна корист во износ од 73..500 денари. – информира СВР Охрид.
OhridNews












