Синоќа околу 19.15 часот, во близина на деловен објект лоциран на регионалниот пат Струга – Дебар, при преглед извршен ба 29 годишен охриќанец, кој бил во патничко возило, со охридски регистарски ознаки, пронајден е и одземен кокаин, информира СВР Охрид. Тој е приведен во полициска станица, по што ќе му биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Исто така вчера, околу 15 часот, на паркинг простор пред деловен објект на патот Струга-Ќафасан, Адве лица од струшкото село Велешта, физички нападнале 39-годишен жител на селото Делогожда.

Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Охрид.

OhridNews
Фото: Илустрација