На булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници вчера лишиле од слобода 45-годишно лице од Охрид.
При преглед на патничко возило „Фиат Мареа“ со струшки регистарски ознаки, пронајдени и одземени се марихуана и семки од растението „Канабис сатива“. Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. – соопшти СВР Охрид.
OhridNews












