Вербална расправија помеѓу охриѓанец и двајца струмичани на улицата „7 Ноември“, вчера попладне, прераснала во физичка пресметка.

Против нарушителите на јавниот ред и мир ќе биде поднесена соодветна пријава, најави полицијата.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 45-годишен жител на Струга. Тој, на 19 август околу 13,30 часот, пред објект лоциран на улицата „15 корпус“ во Охрид, физички нападнал 39-годишно лице од охридското село Лескоец, кое вршело обезбедување на објектот.

OhridNews