СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”.

На 30-ти јули, во 10.30 часот во пицерија на улицата „Кеј Македонија“, пријавениот влегол внатре и барајќи лице со кое претходно имал вербална расправија, почнал да го крши инвентарот, со што предизвикал страв и несигурност кај вработените и гостите.

OhridNews