Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на лични податоци“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишно лице од Охрид.
Како што соопшти полицијата, пријавениот на 8 октомври на својот „Фејсбук“ профил постирал објава со навредлива содржина и лични податоци на лице од Охрид со што ги повредил неговите лични права и достоинство.
Вчера, пак, во 18.45 часот во ОВР Струга, било пријавено дека 32-годишен стружанец физички ја нападнал неговата сопруга. Тој бил повикан во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.
OhridNews












