Полициски службеници при ОВР Дебар вчера при рутинска контрола во возило со бугарски таблици управувано од 46-годишен жител на Охрид пронашле и одзеле 140 кутии со прехранбени продукти во вкупна тежина од 700 килограми.

Настанот е регистриран на регионалниот пат Струга-Дебар, а пронајдените продукти, според МВР, биле без соодветна документација.

По консултација со Јавен обвинител, возачот и еден сопатник во автомобилот биле приведени. За настанот биле информирани Државниот пазарен инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство.

По целосно документирање на настанот, ОВР Дебар ќе поднесе соодветна пријава. соопштија од МВР.

OhridNews