Охриѓанецот Игор Балевски, доктор на медицински науки од областа на интервентна кардиологија при Универзитетскиот Клинички Центар Марибор, вчера, успешно изведе особено сложен хируршки зафат.

Имено, за прв пат во оваа реномирана установа, д-р Балевски, изврши транцатетерска имплантација на валвула на аорта низ артерија на нога, односно без сечење на граден кош, што претставува огромен успех. Особено ако се земе во предвид дека сложениот зафат се врши во земја членка на Европската Унија, од страна на доктор од Охрид кој своето образование го стекнал во Македонија, а се доедуцирал во Словенија, Германија, Австрија и Италија.

Др. Игор Балевски е шеф е на тимот за интервентна кардиологија во Марибор и доктор на медицински науки за Интервентна кардиологија во Словенија, едукатор за интервентна кардиологија на доктори специјализанти од Европска унија.

Во врска со извршениот хируршки зафат веќе има интерес од повеќе словенечки медиуми на кои наредните денови ќе гостува др. Балевски.

OhridNews