Есктремната трка во планинско трчање „Титов врв скајрејс“ годинава поради неповолните временски услови немаше можност да се трча до највисокиот врв на Шар Планина. Организаторот на настанот, планинарскиот клуб „Македон“ понуди изменета и скратена рута во должина од околу 11 километри и 850 висински метри со највисока точка до крајната станица на жичарата Церипашина на околу 2400 метри надморска височина. Тоа не беше пречка за извонредниот атлетичар од Охрид Дејан Ангелоски, кој трет пат стигна прв на Титов врв.
- Вчера и покрај лошото време на стартот се појавија 51 натпреварувач, а трета година во низа најбрзи беа Дејан Ангелоски (1 час 03 минути) од Охрид и Елена Ртоска (1 час 19 минути) од Прилеп, со што се закитија со титулата државни шампиони во скајранинг. На второто место се пласираа Вера Урдаревска и Никола Илиевски, додека третопласирани беа Сања Најдовски и Сашо Богојевски, информира Александар Кирковски од ПК „Македон“.
Минатата година, за два часа и 19 минути Дејан Ангелоски од Охрид истрча од Попова Шапка до Титов врв и назад.

OhridNews
Фото: Миа













