Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против две лица од Охрид на возраст од 19 и 22 години.
Пријавените, на 28 февруари околу 19 часот, на улицата ,,Маршал Тито“ во Струга, пресретнале три малолетни лица и упатувајќи им закани, од еден од нив, насилно одзеле мобилен телефон. – соопшти полицијата.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 74-годишна жителка на струшкото село Радожда, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Таа, во текот на 2020 година како инвеститор, на катарстарска парцела во селото, без соодветна документација изградила викенд куќа. Од извршениот инспекциски надзор донесено е решение за отстранување на нелегалната градба. – соопшти СВР Охрид.
OhridNews











