СВР Охрид поднесе кривична пријава против 45-годишна охриѓанка, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

При извршена контрола на 30.07.2020, полициските службеници констатирале дека пријавената не била затекната во својот дом, со што не ја почитувала мерката задолжителна изолација, изречена со решение издадено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. –  соопшти СВР Охрид.

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 73 прекршоци за неносење лична заштита на лицето: Охрид-21, Струга-08, Кичево-24, Дебар-20

На прекршителите им се издадени платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила, за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест ковид-19.

OhridNews