Синоќа околу 19.00 часо на магистаралниот пат Охрид – Ресен, на околу 700 метри после планинскиот превој Буково, 44-годишна охриѓанка управувајќи патничко возило изгубила контрола и излетала од патот.
Во незгодата возачката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата Св.Еразмо во Охрид. – соопшти СВР Охрид.
Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.
Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, во текот на вчерашниот ден, од 12 до 18 часот, СВР Охрид спроведе акциска контрола на целото подрачје, при што се регистрирани 16 случаи на недозволено престигнување, 9 неправилно паркирани моторни возила и 16 пречекорувања на дозволената брзина на движење, а две возила се исклучени од сообраќај.
Возачите се соодветно санкционирани, информира СВР Охрид.
OhridNews












