Охрид дише во духот на охридскиот пливачки маратон
19.07.08 00:02
Денес во водите на Охридското езеро ќе се одржи 22-риот Меѓународен Охридски Пливачки Маратон.
Традиционалниот Охридски пливачки маратон, 6-ти по ред во Гранд При 2008 серијата на Меѓународната пливачка федерација, ќе се одржи под покровителство на Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенкоски.
На патеката „Климе Савин“ од Св. Наум до Охрид, во должина од 30км. ќе се натпреваруваат вкупно 27 пливачи од 7 земји во светот, и тоа 19 во машка и 8 во женска конкуренција.
Стартер на трката е Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Директор на трката е Сашо Точков, врховен судија е Соња Думбалова Делова додека делегат на ФИНА е Валеријус Беловас, Литванија, делегат за допинг контрола на ФИНА е Аиде Лиубс, Аргентина
Стартот е во Св. Наум во 12 часот, а до целта на градското пристаниште пливачите ќе поминат низ вкупно 12 контролни точки. За регуларноста на трката ќе се грижат 13 судии, а за беспрекорната организација ангажирани се 7 хидро глисери и 40 кајчиња за пратење и контрола.
Во водите на Охридското езеро минатогодишните трофеи ќе ги бранат Петар Стојчев во машка и Естер Њуњез Мореро во женска конкуренција. Со иклучок на лидерот Французинот Стефан Гомез, остантите пливачи кои се наоѓаат во Топ десет во генералниот пласман ќе се појават во Охрид.
Македонската експедиција која брои осум члена и тоа сите во машка конкуренција ја предовди повратникот на ОПМ Томи Стефаноски.
Охридскиот маратон чиј фонд годинава изнесува 25 илјади долари го организира пливачката федерација на Македонија а технички организатор е клубот за спортови на вода охридски Бранови од Охрид.
Актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот куп, ГРК Охрид, утре ќе го дознае следниот противник во одбраната на титулата во ЕХФ Европскиот куп Ждрепката за третото коло ќе се одржи во Европската ракоме...
Во рамки на 8-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Еурофарм Пелистер 2 Ни следи натпревар со екипата на Еурофарм Пелистер 2 Фаворитската улога мораме да ја оправ...
Света Троица 2021 продолжува со добрите настапи во Третата македонска фудбалска лига – Регион 5, откако на гостувањето во Кичево славеше над Напредок 1928 со 2:1 До важните три бода, Света Троица с...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.