Со отворен ден за најмладите, започна со работа новиот образовен центар  во Охрид „Opportunity Ü“.

Во рамки на отворениот ден, беа организирани нови,  необични и несекојдневни  работилници за учениците по англиски, германски, македонски јазик и математика, надополнети  со интерактивни игри, подароци и изненадувања . По работилниците, отворениот ден продолжи со  запознавање на родителите со начинот на предавање и учење во образовниот центар.

Часовите се наменети за сите возрасни групи, како и за деца од предучилишна возраст. Покрај стандардната настава, часовите ќе бидат надополнети и со дополнителни активности со цел учениците полесно да го совладаат материјалот.

Нашиот образовен центар нуди курсеви по англиски, германски, македонски, француски и  италијански јазик, математика и информатика за сите возрасни групи. За предучилишната возраст имаме нови едукативни игри преку кои полесно ќе го совладаат материјалот, а за останатите возрасни групи се работи по училишната програма, вели Теодора Мурџоска, директор на центарот.

Покрај  редовните часови, центарот овозможува и дополнителни часови по потреба, како и подготовка на учениците за полагање на државната матура по македонски и англиски јазик и математика, истакна Мурџоска.

Центарот овозможува и подготовки за полагање на тестовите за меѓународни сертификати TOEFL, IELTS, PTE и FCE.

Кандидатите кои се подготвуваат за полагање во „Оpportunity Ü“ ќе добијат целосна подготовка на сите нивоа.  Исто така,  Образовниот центар  издава потврди за одредување на нивото на познавање на англиски јазик.

Како што истакна Мурџоска, отворањето на ваков образовен центар во време на пандемија претставува огромен предизвик. Со цел децата да бидат заштитени од ширење на корона вирусот, групите ќе бидат формирани од максимум тројца ученици.

 

Образовниот центар Opportunity Ü  се наоѓа на улица „Даме Груев“ 43а, на просторот помеѓу старото кино и „Сити Бајк“ и е отворен од 9 до 21 часот.

К.А.

Фото: Г.М.